Над 94% повеќе трансакции на берзата оваа недела

37

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од осми до 12-ти јуни, достигна 2.359.197 евра или 77,34% повеќе во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед.

Вкупниот број на трансакции во текот на трговската недела достигна 554 и е за 94,39% повеќе во споредба со претходната недела.

Оваа недела пазарната капитализација беше 3.192.616.338 евра или 1,26% помалку од минатата недела. Пазарната капитализација на последниот трговски ден, односно на 12-ти јуни беше 1.724.629.858 евра или 6,20% во однос на истиот период претходниот месец.

Индексот МБИ10 забележа пад од 2,63% во однос на претходната недела и достигна вредност од 4.087,97 поени.

Петте најтргувани ации, во периодот од осми до 12-ти јуни, беа оние на Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит, Макпетрол и Стопанска банка Скопје.

Фото: Freepik