Над четири милиони нарачки за iPhone 6 и iPhone 6 Plus за само 24 часа

48

i phone 6

Технолошкиот гигант Apple забележа рекорден број на нарачки за iPhone 6 и iPhone 6 Plus, и тоа над четири милиони on line нарачки за првите 24 часа, пишува Businessweek.

Компанијата не даде увид во податоците кој уред е попопуларен, iPhone 6 со екран од 4,7 инчи или 5,5-инчниот iPhone 6 Plus. На официјалната страница на Apple е поставено соопштение во кое се вели дека испораката на iPhone 6 ќе започне за седум до десет дена, додека за поголемата верзија ќе треба да се причека од три до четири недели.

Apple на 12-ти овој месец започна со примање на on line порачки, а два пати во иста недела, поради преголемата посетеност, страницата беше недостапна. Во интервју со Клер Роуз, главниот извршен директор на Apple, Тим Кук ги отфрли тврдењата дека влезот на пазарот на големите паметни телефони е одговор на уредите на Samsung.