Над пет милијарди евра штета од земјотресите во Хрватска

78

Директната штета од разорните земјотреси во Хрватска од 28-ми и 29-ти декември лани проценета е за нешто повеќе од пет милијарди евра, што е околу 10% од вкупниот бруто домашен производ на земјата, објави Јутарњи лист.

Ако до тој износ се додаде и штетата од земјотресот во Загреб во март минатата година, тогаш тој достигнува 16,6 милијарди евра или 32% од вкупниот бруто домашен производ на Хрватска.

Проценките на штетите, како и загрепскиот земјотрес, ги направија консултанти од Светска банка во соработка со Министерството за градежништво и Министерството за регионален развој и фондови на ЕУ, а можно е збирот да се зголеми и на 5,5 милијарди евра.

Штетите се однесуваат на сите три жупании што беа погодени од земјотресот.

Фото: Pexels