Над пола милион невработени во Австрија

37

Во овој момент во Австрија се регистрирани 532.751 лице без работа, што е за околу 26% повеќе во однос на истиот период лани, соопшти тамошното министерство за труд.

Од таа бројка, 469.772 се пријавени како невработени, а 62.979 се на дошколување во организација на австриската агенција за вработување.

Причина за пораст на невработеноста, освен сезонскиот фактор, е и падот во туризмот поради пандемијата.

Дополнително, 414.773 работници се пријавени на скратено работно време.

Овој вид на работно време спаси повеќе од милион работни места во Австрија, најголем дел во производство и трговија.

Фото: Freepik