Глобалниот пазар на средства за дезинфекција на раце до 2030 година се очекува да достигне вредност од 2,8 милијарди долари. Минатата година вредноста на овој пазар беше 1,3 милијарди долари.
Анализирано по региони, Северна Америка и Европа ќе бидат водечки пазари за овој вид на средства за дезинфекција, чија побарувачка постојано расте поради пандемијата од Ковид-19.
Преференциите на потрошувачите, кога се во прашање средствата за дезинфекција на раце, ќе бидат за средства што не содржат алкохол, што не ги сушат рацете, не се лесно запаливи и не ги оштетуваат надворешните површини, анализира Future marketing insights.
Фото: Freepik











