Краткорочниот надворешен долг на трускиот приватен сектор се зголеми на 401 милион долари во март годинава, во споредба со истиот месец лани, пишува Hurriyet Daily News повикувајќи се на соопштението на Централната банка на Турција. Краткорочните заеми на приватниот сектор, што е впрочем долг кој мора да се врати во наредните 12 месеци, достигнаа 18,6 милијарди долари во март оваа година.
Вкупниот долгорочен надворешен долг на приватниот сектор во Турција изнесува 226,8 милијарди долари, и бележи зголемување за 5,5 милијарди во однос на истиот период од лани, а 50,7% од него се обврски на финансиските инситуции, додека остатокот, 49,3% се на нефинансиските инситуции. Кај краткорочниот надворешен долг, пак, обврските на финансиски наспроти нефинансиски инситуции е 78,1% на 21,9%.
Речиси 60% од долгорочниот долг на приватниот сектор во Турција се одржува во долари, 34,9% се чуваат во евра, 4,6% во турски лири, а остатокот, 17% во други валути. Исто така и краткорочниот долг во најголем процент се одржува во долари (49,7%), помалку во евра (29,3%) и лири (20,6%) и речиси минорни 0,4% во други валути.
Фото: Pixabay