Надворешнотрговскиот дефицит на САД надмина 68 милијарди долари во ноември

27

Надворешнотрговскиот дефицит на САД во ноември се зголемина на 68,1 милијарда долари, поради значително поголемиот рас на увозот од извозот.

Празнината меѓу вредноста на увозот и извозот на САД во ноември се зголеми за 8% во споредба со октомври, кога американскиот дефицит изнесуваше 63,1 милијарда долари.

Во периодот од јануари до ноември лани, трговскиот дефицит на САД изнесува 604,8 милијарди долари, што е за 13,9% повеќе во однос на истиот период лани.

Претседателот во заминување, Доналд Трамп инсистираше на тоа неговата остра трговска политика со остатокот од светот да го намали дефицитот и да ги врати во земјата работните места што американските компании ги отворале во странство.

Фото: Freepik