Надворешнотрговскиот дефицит на САД се зголеми на 71,2 милијарди долари

31

Надворешнотрговскиот дефицит на САД во мај се зголеми бидејќи компаниите настојуваа да ги обноват залихите поради раст на домашната побарувачка, што влијаеше на зголемен увоз, пренесува Ројтерс.

Министерството за трговија на САД соопшти дека трговскиот дефицит во мај се зголеми за 3,1% на 71,2 милијарди долари.

Увозот на производи имаше пораст од 1,2%, на 234,7 милијарди долари, додека извозот е зголемен за 0,3% на рекордни 145,5 милијарди долари.

Големите пакети финансиска поддршка и повторното отворање на американската економија, благодарение на вакцинацијата, ја зголемија побарувачката за производи и услуги.

Недостигот на суровини го кочи производството, поради што залихите имаа голем пад во првиот квартал.

Фото: Pexels