Наесен ќе се знае планот на ЕК за економски раст на Балканот

46

Европската комисија (ЕК) наесен ќе го претстави економскиот и инвестиционен план за Балканот што би требало да помогне да се забрза растот на економиите и да се отворат нови работни места во регионот, како дел од напорите за закрепнување на економијата.

“Износот од 12,6 милијарди евра предвидени за инструментот за претпристапна помош е многу значаен проект“, вели извор од Европската комисија за регионалните медиуми.

Наведениот износ се очекува да ги зајакне врските во повеќе области, меѓу кои и енергетика, сообраќај, како и вклучување на регионот во дигиталната програма на ЕУ и поддршка за земјите од Балканот кон евроинтеграциите.

Фото: Freepik