
Цената на нафтата повторно ја надмина границата од 100 долари за барел утрово.
Суровата нафта Брент, која е светски стандард, порасна за 2,60 процент и достигна цена од 104,8 долари за барел.
Според извештаите, цената на нафтата вчера падна под 100 долари по објавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за можно постигнување мировен договор со Иран.
Сепак, Иран негираше дека се во тек какви било преговори, па затоа цените на нафтата повторно пораснаа.
Во меѓувреме, цените на златото и среброто паднаа, објавува Асошиејтед Прес.
Златото поевтини за 0,8 проценти, а среброто за 0,9 проценти.
Вредноста на американскиот долар падна во однос на јапонскиот јен, а вредноста на еврото „скокна“ во однос на доларот.











