Нафтата и златото поскапеа

85

Денеска европските берзански индекси се во пораст, американските индекси во пад, додека на пазарот истовремено е забележан раст на цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 19.139,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.142,89 поени, францускиот CAC 40 на 7.397,44 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.5556 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 41.763,46 поени, индексот S&P 500 на 5.705,45 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.095,15 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 71.109 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.563 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси за гас по цена од 38.850 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.751,41 долари за унца, а на пченицата на 5,7307 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08632, што е за приближно 0,19 отсто помалку од четвртокот.