Нафтата ќе надмине 100 долари за барел

102

Инвестициската банка Голдман Сакс верува дека цената на нафтата ќе достигне 100 долари за барел подоцна оваа година и ќе продолжи да расте во 2023 година, сигнализирајќи дека цените на бензинските пумпи ширум светот исто така ќе растат.

Голдман Сакс укажа и на намален апетит за инвестиции во нафта поради енергетската транзиција.

Банката очекува дека резервите на нафта во развиените економии ќе паднат на најниско ниво од 2000 година до летото.

Голдман очекува нафтата Брент, да достигне 100 долари за барел во третиот квартал од оваа година, што е повеќе од претходната прогноза на банката од 80 долари. Голдман предвидува дека Брент следната година ќе достигне 105 долари за барел, наспроти претходната прогноза од 85 долари.