Нафтен гигант се откажува од својот удел во Росњефт, а директорите поднесуваат оставки

Британскиот нафтен гигант British Petrol (БП)  во неделата објави дека се повлекува од својот удел во Росwефт, руска компанија за нафта и гас под државна контрола, како одговор на руската инвазија на Украина.

БП има 19,75 отсто од акциите на Роснефт од 2013 година, а тоа во моментов се проценува на 14 милијарди долари.

Нафтената групација, која котира на берзата во Велика Британија, во соопштение наведе дека повеќе нема да известува за резерви, производство или профит од Росњефт, а нејзиниот извршен директор Бернард Луни „веднаш“ ќе поднесе оставка од управниот одбор на Росњефт.

Боб Дадли, поранешен извршен директор на БП, исто така ќе се повлече од бордот, рече производителот на нафта, пренесува ФТ.