
Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ денес објави добивка од 26 милијарди долари за првиот квартал, што е намалување од 4,6 проценти во однос на истиот период од претходната година.
„Арамко“, формално позната како „Сауди Арабиан Оил Ко.“, оствари приход од 108,1 милијарди долари во текот на кварталот, соопшти компанијата, објави „АП“.
Во истиот квартал минатата година, компанијата оствари приход од 107,2 милијарди долари, додека профитот изнесуваше 27,2 милијарди.