Нафтените компании заработиле околу 3 милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина

54

Нафтените компании оствариле профит од околу три милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот објавен од Greenpeace, пренесува порталот ЕУ Обсервер.

Помеѓу јануари и март, цените на суровата нафта пораснаа за околу 19,38 центи за литар, што ги натера активистите да бараат даноци на неочекуваните добивки и истраги за потенцијално местење на цените, според извештајот на Greenpeace објавен во четвртокот.

Посочуваат дека е неопходно да се забрза зазеленувањето на транспортниот сектор за да се намали зависноста од нафтата од Русија.