Награден предизвик на мечето Бора во десет Тинекс маркети низ Скопје

30

Бора ја започна приказната во Македонија со поддршка за ЈЗУ Универзитетска клиника и граѓанското здружение за еднородителски семејни заедници Една може! – One can!, кое се залага за остварување севкупна општествена грижа и третман на самохраните мајки.

Секој од чекориве во воведот на приказната за Бора во Македонија има за цел да покаже дека на секој му е потребна моќна нега, не само на малите, за кои најмногу се наменети клучните производи.

За да се отвори следното поглавје Бора го започна и наградниот предизвик кој започна на 11 јуни, и ќе трае до 11 јули 2018. Овој дел од приказната ги вклучува и Тинекс маркетите. На само десет одбрани Тинекс локации ќе се изврши реализацијата на наградниот предизвик, а тоа се маркетите кај: Годел, Драмски, Ѓорче Петров, Злокуќани, Стара телевизија, Кисела Вода 1, Млечен, Првомајска, Раде Кончар и Ченто.

За учество во наградниот предизвик сѐ што треба е да се направи сметка над 400 денари која ќе вклучува минимум еден производ од Бора. Во предвид се земаат Бора пелените, Бора тоалетните хартии, Бора кујнските хартиени крпи и Бора салфетите, од сите големини. Во самиот маркет се пополнува пријава која потоа со фискалната сметка се остава во Бора брендираната кутија. Во склоп на овој награден предизвик секој учесник може да добие професионална фотосесија за нивното најмило, пакети на Бора производи, како и месечна залиха на Бора пелени.

Големото извлекување е планирано за 12 јули 2018 година и секој може да се вклучи во овој награден предизвик, станувајќи уште еден дел од приказната на Бора. Моќната нега ќе продолжи понатаму креирајќи заедница во која секој ќе може да ја почувствува.