Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење

kasicka prase

Народната банка на Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби на конкурсот по повод Денот на штедењето 31-ви октомври.

На конкурсот пристигнаа 310 творби, од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивното и општата свест за финансиска писменост, вклученост и едукација на населението, особено на младите.

Дипломи и парични награди добија 12-те најуспешни, а беа доделени и пофалници на училиштата кои учествуваа во конкурсот.