Награди за најиновативните проекти за регионален развој

14

Министерството за локална самоуправа денеска ќе ги додели наградите на најиновативните проекти за регионален развој кои се доставени од осумте центри за развој на планските региони, пишува Миа.

На јавниот повик на Министерството за локална самоуправа, Центрите имаа право да аплицираат со проекти имплементирани во периодот 2009 до 2014 година, финансирани со средства од буџетот на РМ, во рамки на буџетските програми за рамномерен регионален развој.

Проектот годинава се реализира во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за соработка и развој.