Наградна игра на Рамстор и Turkish Airlines

17

13432171_1118336791555700_2218706695229499491_n

Трговскиот центар Рамстор и турскиот авиопревозник Turkish Airlines организираат наградна игра, во којашто главна награда се два билета за финалето на Европското првенство во фудбал.

“Голема наградна игра за сите љубители на фудбалот и европското првенство. Летајте до финале на европското првенство во Франција. Приклучете се и вие во оваа наградна игра со секоја сметка над 1.000 денари направена во било која продавница во Рамстор, вклучувајќи го и маркетот или со зачленување во програмата Miles&Smiles на Turkish Airlines“, стои во соопштението.

Главното извлекување на влезниците за финалето на Европското првенство во фудбал ќе биде на 30.06, додека 10 велосипеди ќе бидат доделени на 10.07 со почеток во 12 часот.