Наградна игра во Вип Припејд: 77 телефони iPhone 6s за 77 среќни добитници  

36

????????????????????????????????????

Телекомуникацискиот оператор Вип почнува голема наградна игра со којашто сите Припејд корисници на мобилната телефонија добиваат можност во наредните единаесет недели да освојат еден од 77-те  iPhone 6s телефони. Секоја седмица по седум корисници ќе станат добитници на оваа вредна награда, стои во соопштението.

Од денеска, сите корисници на Вип Припејд со самото надополнување на кредит на својата сметка автоматски стануваат учесници во извлекувањето за iPhone 6s 16GB. Во наградната игра за iPhone 6s, еден денар е еднаков на една шанса за добивка или на пример 300 денари се еднакви на 300 шанси за добивка, односно колку повеќе корисникот во текот на една седмица ја надополнува својата сметка, толку е поголема можноста за освојување на наградата, а надополнетиот износ може да го искористи за сите припејд услуги.

Минималниот износ на надополнет кредит со кој корисниците учествуваат во наградната игра е 100 денари.

Добитниците ќе се избираат по пат на случаен избор, а извлекувањето на наградите ќе се одвива секоја среда. Учествуваат сите корисници на Припејд мобилна телефонија кои ја надополниле својата сметка претходниот неделен циклус почнувајќи од 14-ти ноември 2016 година до 29-ти јануари 2017 година.  Добитниците на наградната игра Надополни и играј за iPhone 6s ќе бидат објавувани на официјалната веб страна на Вип.

Секој понеделник започнува нов неделен циклус, во кој не влегуваат учесниците од претходната недела. За повторно учество во некое од наредните неделни извлекувања, корисниците треба повторно да ја надополнат Вип Припејд сметката за времетраење на друг неделен циклус.