Најбогатиот човек на планетата на суд со најбогатите на Индија

48

Oсновачот на Amazon, Џеф Безос, одлучи проблемите со најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани, да ги реши на суд да за да ја запре неговата компанија Reliance од добивање предност на големиот и брзорастечки индиски пазар на електронска трговија.

Недоразбирањата започнаа кога Amazon го обвини индискиот партнер, компанијата Future, за кршење на условите на договорот поради најава за склучување договор за продажба на имот. Amazon во 2019 година купи 49% од Duture Coupons, компанија на конгломератот Future Group. Минатата година, Future Retail имал големи проблеми бидејќи Индија влегла во карантин за да го запре ширењето на коронавирусот. Кога стигнала понудата вредна 3,4 милијарди долари од Reliance, Future Retail веднаш ја прифати. Но, потоа се вклучи Amazon којшто се обиде да го запре договорот. Најпрво поднел тужба до сингапурскиот меѓународен арбитражен суд, којшто донесе одлука во корист на Amazon и привремено го запрел договорот.

Доколку Amazon победи, во тој случај ќе стекне предност на растечкиот пазар и така да го забави еден од најголемите конкуренти да се развие кон електронската трговија. Аналитичарите сметаат дека индиската влада е склона кон локалните малопродажни компании и дека Reliance има “неспоредлива предност“.

Фото: Pexels