Најбогатиот човек на светот кој никогаш не донирал ниту цент

164

Жан Пол Гети е роден во 1892 година и во втората половина на дваесеттиот век бил најбогатиот човек на планетата. Тој ја основал нафтената компанија Getty Oil Company во 1942 година, а во моментот на неговата смрт во 1976 година, неговото богатство се проценувало на повеќе од 6 милијарди долари. Нафтениот тајкун е роден во богато семејство и успеал уште повеќе да го зголеми  и онака големо богатство. И покрај тоа, тој остана запаметен по неговата штедливост.
Родителите на Пол верувале дека Бог им дал на луѓето богатство, но со аманет да го следат внимателно. Затоа, тие ги воспитуваа своите синови да бидат штедливи и на многу строг начин.

Кога Пол Гети дипломирал на Оксфорд, решил да се приклучи на семејниот бизнис. Неговиот татко му давал плата од 100 долари месечно. Гети го заработил својот прв милион кога имал 23 години. Тоа можело да се случи и порано доколку татко му му ги позајмил бараните пари.

Неговата мајка исто така одбила да му позајми голема сума пари. Во 1966 година, Гинисовата книга на рекорди го прогласи Пол Гети за најбогат човек на светот, објави Форбс.

Се оженил 5 пати и секоја од неговите жени била доволно млада за да му биде ќерка. Од тие пет брака, Пол имал 5 сина. Еден од нив починал за време на операцијата кога имал само 12 години. Во тоа време, Пол беше во Европа. Тој одбил да се врати во Америка бидејќи неговата работа не можела да чека. Во 1973 година почина уште еден негов син, кого Пол го сметаше за свој наследник. За тоа време, еден од неговите помлади синови го тужел, барајќи поголема финансиска поддршка за себе и за неговите браќа.

Гети го добил случајот, но сепак им дал пари на синовите, но не толку колку што барале. Во 1973 година, неговиот шеснаесетгодишен внук бил киднапиран. Пол одбил да плати откуп од 17 милиони долари пет месеци.

„Имам 15 внуци, ако платам сега, веднаш ќе ги ставам во опасност другите внуци“. Ќе станат лесен плен за киднаперите“.

Кога киднаперите му испратиле прамен коса и уво на Гети и ги намалиле нивните барања на три милиони долари, Гети се согласил да плати не повеќе од 2,2 милиони долари, од кои 800.000 долари му позајмил на својот син (таткото на киднапираното момче) за 4 години без камата..

Гети купил имот во Англија и живеел таму сам (не сметајќи ги телохранителите). Тој имал 34 спални соби и 14 бањи во неговиот замок. Никогаш не дозволил некој од неговите роднини да го посети.

Скромноста на Гети го достигна својот врв во неговите подоцнежни години. Внимателно ги бришел адресите од пликовите и потоа ги користел повторно.

Во последното интервју, кое го даде неколку недели пред смртта, на прашањето: Што друго сака во животот, најбогатиот човек на светот?, тој рече:

„Посакувам да можам уште да работам.

Кога умре Пол Гети, неговото семејство, вклучително и неговите синови и сопруги, не добија ништо.

Голем дел од неговото богатство отиде во музејот во Малибу, што го направи најбогатиот музеј во светот.

Веста за смртта на Пол Гети беше објавена со зборовите:

„Најбогатиот, најосамениот и најсебичниот човек на светот почина денеска. Во текот на 84 години од својот живот, тој никогаш не даде ниту цент во добротворни цели“.