Најбогатиот Индиец ја купи најстарата продавница за играчки во светот Hamleys

43

Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија, го купи британскиот ланец за играчки, Hamleys, за неодредена сума, пишува BBC

Reliance Brands Limited, којашто е во сопственост на Амбани потпиша договор за купување на компанијата од кинеската C Banner International, којашто ја купи Hamleys, во 2015 година.

Британската продавница за играчки е основана далечната 1760 година и има вкупно 167 продавници во 18 земји во светот.

Reliance Industries веќе поседува 88 Hamleys продавници во 29 индиски градови.

Според Forbes, 62-годишниот Амбани вреди 50,7 милијарди долари.

Фото: Facebook