Најбрзорастечки туристички дестинации во светот – три од регионот

150

Бројот на туристи во светот е зголемен за 1,5 милиони авионски летови, што е за 4% повеќе во однос на 2018-та година, покажуваат податоците на Светската туристичка организација (United Nations World Tourist Organization – UNWTO).

Според податоците, повеќето дестинации имаат зголемен број на посетители, како што е случајот со Франција којашто ја посетиле над 90 милиони туристи во 209-та година.

На листата од 20 најбрзорастечки туристички дестинации, има три земји од регионот. Црна Гора е најголем раст од 21,4%, Босна и Херцеговина бележи пораст од 13,7%, а кај Турција порастот е 14%.

Постојат и такви туристички дестинации што се соочиле со одредени ризици, како што се терористички напади или политички превирања, но сепак успеале да се “вратат во игра“ и да станат многу популарни меѓу туристите. Таков е примерот со Мјанмар, што претходно го носеше името Бурма, каде што порастот на бројот на туристи надмина 40%.

Според UNWTO, ова се 20-те најбрзорастечки туристички дестинации во светот:

Мјанмар – 40,2%

Порторико 31,2%

Иран – 27,9%

Узбекистан – 27,3%

Црна Гора – 21,4%

Египет – 21,1%

Виетнам – 16,2%

Филипини – 15,1%

Малдиви – 14,9%

Бахами – 14,6%

Катар – 14,5%

Ерменија – 14,4%

Јужна Кореја – 14,4%

Турција – 14%

Босна и Херцеговина – 13,7%

Тунис – 13,6%

Лаос – 11,5%

Азербејџан – 11,4%

Израел – 10,5%

Литванија – 10,1%

Казахстан – 10%.

Фото: Pexels