Најчесните патници во Европа – намалено шверцувањето во јавен превоз

62

Минатата година беше намален бројот на луѓе кои се возеа без билет во јавниот превоз во Виена.

Во годината што ја обележа пандемијата од коронавирус, повеќето патници купиле билет за да користат јавен превоз. Само 2% од патниците биле фатени како се шверцуваат, соопшти градскиот превозник Wiener Linien.

Повеќе од 100 контролори секојдневно ги контролираат патниците во мрежата на јавниот превоз во Виена. Кој ќе биде фатен без билет мора да плати казна од 105 евра, а кој нема да плати на лице место, мора да плати 115 евра.

“Системот за јавен превоз се потпира на фер однесување на граѓаните и ние го штитиме тоа. Кога ќе најдеме некој без билет, го издаваме нашиот најскап билет“, нагласи директорката на Wiener Linien, Александра Рајнагл.

Во текот на минатата година беа контролирани околу 3,1 милиони патници, а за споредба, во 2019 година, таа бројка беше околу 4,9 милиони. Според Wiener Linien, жителите на Виена се очигледно меѓу најчесните патници во Европа.

Во Берлин околу 3% од патниците во тамошниот градски превоз се шверцуваат, во Хамбург и Франкфурт 55, а во Париз дури 10%.

Фото: Pixabay