Најдобар лек за воспалено грло

913

supa

Фото: Pexels

Воспаленото грло може да биде пропратено со болки во грлото, пецкање, гребење, потешкотии при голтање, чувство на сувост, губење на гласот…

Како да му помогнете?

Топла солена вода

Кога ќе почувствувате чешање и пецкање во грлото, земете топла солена вода и направете гаргара. Со тоа ќе го подобрите протокот на крв и белите крвни зрнца побрзо ќе стигнат до надразнетото место. Тоа може да го направите неколку пати во текот на денот.

Мед

Истражувањата покажуваат дека медот може да биде подеднавко делотворен за болното грло како некои сирупи. Можете да го конзумирате чист или во комбинација со лимон и чај.

Пилешка супа

Пилешката супа е одличен оброк, затоа што цистеинот, протеин кој се ослободува од пилешкото месо за време на варењето, се претвора во ацетилцистин – лек за бронхитис. Ги разводнува наслагите во респираторните патишта, го загрева грлото и ја намалува болката и притисокот во грлото и носот.