Најдобри банки во светот според Global Finance

46

Магазинот Global Finance ја претстави листата на најдобри банки на глобално и регионално ниво во 149 земји во светот, по 26-ти пат.

Bank of America го доби најголемото признание Global Finance за најдобра глобална банка за 2019 година. Победниците се избрани на основа на перформанси во текот на минатата година и други критериуми, вклучувајќи ја нивната репутација и начин на управување, како и лидерство во дигиталната трансформација.

Магазинот ги рангира банките што најмногу прават за своите клиенти, а притоа да го извлечат максимумот од својот имот.

Во централна и источна Европа најдобра банка е италијанската UniCredit. Од нашата земја, избрана е Охридска банка Сосиете Женерал.

Фото: Pixabay