Најдобри градови за гејмери во светот

27

Американскиот град Остин го има приматот на најдобар град за гејмери во светски рамки. Меѓу најдобрите пет се најдоа и: Сеул (Јужна Кореја), Букурешт (Романија) и Париз (Франција), покажува анализата на британската компанија Broadband Savvy.

Во анализата предвид се земаат неколку важни критериуми, како што се достапна брзина на интернет, трошоци за поврзување, често организирање на гејминг настани и, цени на опрема за видео игри…

Од земјите во регионот ги има Софија (23-та) и Истанбул (37-ми).

На листата се најдоа 74 градови, а најдолу се позиционираа и: Дубаи (Обединети Арапски Емирати), Сиднеј (Австралија), Абу Даби (Обединети Арапски Емирати), Бризбен (Австралија) и Окланд (Нов Зеланд).

Фото: Pexels