Најдобриот град за работа на далечина се наоѓа на Балканот

333

Првото место на листата на најдобри градови за работа на далечина го зазема Букурешт, благодарение на одличните интернет конекции и ниските трошоци за живот.

На списокот што неодамна го објави британската веб-страница broadbanddeals.co.uk, зад Букурешт се наоѓаат три американски градови, Хјустон, Лас Вегас и Атланта, на петтото место е Будимпешта, а потоа следат Сан Франциско и Лос Анџелес. Меѓу првите 10 се Киев, Чикаго и Варшава.

Од друга страна, неславното прво место на списокот на најлоши градови за работа на далечина зазема Рим, а следат Милано, Сеул, Париз и Хамбург. На шестото место е Амстердам, а потоа следуваат Лондон, Келн, Минхен и Манчестер.

Главниот град на Романија ги остави конкурентите зад себе благодарение на евтините, сигурни и брзи интернет-врски и други фактори како што се трошоците за живот, цената на лаптопите, бројот на работни места што овозможуваат работа од далечина.

Фото: Pixabay