Аеродромот Changi во Сингапур е рангиран на прво место на листата Најдобри аеродроми во светот.
Интернационалната агенција за рангирање на воздушниот транспорт, Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, седми пат по ред го прогласува овој аеродром за најдобар во светски рамки.
Changi е познат по убавата градба, ефикасното работење, луксузните удобности и големиот избор на храна и опции за шопинг, пренесува Business Insider.
Рангирањето, спроведено од Skytrax, се базира на оценките од милиони патници од 100 земји. Во истражувањето беа вклучени повеќе од 550 аеродроми, а беа испитувани 39 параметри поврзани со услуга и перформанс. Дел од нив вклучија комфорот на аеродромот, локација на тоалетите, како и јазичните познавања на вработените.
10. Аеродромот во Цирих (ZRH)
Патници на годишно ниво – 29,4 милиони
9. Интернационалниот аеродром Narita во Токио (NRT)
Патници на годишно ниво – 42,6 милиони
8. Аеродромот Heathrow во Лондонд (LHR)
Патници на годишно ниво – 80,1 милиони
7. Аеродромот во Минхен (MUC)
Патници на годишно ниво – 46,3 милиони
6. Интернационалниот аеродром Chubu Centrair во Јапонија (NGO)
Патници на годишно ниво – 9,8 милиони
5. Интернационалниот аеродром во Хонг Конг (HKG)
Патници на годишно ниво – 74,5 милиони
4. Интернационалниот аеродром Hamad во Доха (DOH)
Патници на годишно ниво – 34,5 милиони
3. Интернационалниот аеродром Incheon во Јужна Кореја (ICN)
Патници на годишно ниво – 68,4 милиони
2. Интернационалниот аеродром Haneda во Токио (HND)
Патници на годишно ниво – 87,1 милион
1. Интернационалниот аеродром Changi во Сингапур (SIN)
Патници на годишно ниво – 65,6 милиони
Фото: Facebook