Најдобрите 10 аеродроми во светот

34

Аеродромот Changi во Сингапур е рангиран на прво место на листата Најдобри аеродроми во светот.

Интернационалната агенција за рангирање на воздушниот транспорт, Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, седми пат по ред го прогласува овој аеродром за најдобар во светски рамки.

Changi е познат по убавата градба, ефикасното работење, луксузните удобности и големиот избор на храна и опции за шопинг, пренесува  Business Insider.

Рангирањето, спроведено од Skytrax, се базира на оценките од милиони патници од 100 земји. Во истражувањето беа вклучени повеќе од 550 аеродроми, а беа испитувани 39 параметри поврзани со услуга и перформанс. Дел од нив вклучија комфорот на аеродромот, локација на тоалетите, како и јазичните познавања на вработените.

10. Аеродромот во Цирих (ZRH)

Патници на годишно ниво – 29,4 милиони

9. Интернационалниот аеродром Narita во Токио (NRT)

Патници на годишно ниво – 42,6 милиони

8. Аеродромот Heathrow во Лондонд (LHR)

Патници на годишно ниво – 80,1 милиони

7. Аеродромот во Минхен (MUC)

Патници на годишно ниво – 46,3 милиони

6. Интернационалниот аеродром Chubu Centrair во Јапонија (NGO)

Патници на годишно ниво – 9,8 милиони

5. Интернационалниот аеродром во Хонг Конг (HKG)

Патници на годишно ниво – 74,5 милиони

4. Интернационалниот аеродром Hamad во Доха (DOH)

Патници на годишно ниво – 34,5 милиони

3. Интернационалниот аеродром Incheon во Јужна Кореја (ICN)

Патници на годишно ниво – 68,4 милиони

2. Интернационалниот аеродром Haneda во Токио (HND)

Патници на годишно ниво – 87,1 милион

1. Интернационалниот аеродром Changi во Сингапур (SIN)

Патници на годишно ниво – 65,6 милиони

Фото: Facebook