Најдобрите 10 српски брендови

285

Soko-starkБананица, Плазма, Јафа, Смоки, Еурокрем, кисела вода Књаз Милош, јогурт Моја кравица, сокови Нектар, Гранд кафа и Медено срце се најдобрите српски брендови, покажа истражувањето на порталот Телеграф.рс во кое учествуваа претставници на Стопанската комора на Србија, економисти, домашни експерти и потрошувачи.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека се покажало дека најпопуларни се брендовите од прехранбената индустрија, која воедно им е најинтересна на странските инвеститори.

“Скоро цела индустрија ни пропадна. Од друга страна, храната секогаш е интересна за инвеститорите и затоа скоро сите поголеми фабрики се во странска сопственост”, за Телеграф вели Љубодраг Савиќ, професор на Економскиот факултет во Белград.

Така, Бананица, Смоки и Најљепше жеље, производи на Соко Штарк се во сопственост на хрватската Атлантик група на Емил Тедески, а производите на Имлек, Књаз Милош и Бамби ги држи инвестицискиот фонд Салфорд.

На листата омилени домашни производи се наоѓаат и споменатото чоколадо Најљепше жеље, Златиборски пршут, ајвар, кајмак, сирење, ракија, малини, садовите на Металац, мебелот на Симпо и облеката на текстилната куќа Мона.