Најдобрите авиокомпании за 2020 година

37

AirlineRatings.com ги додели годинешните Airline Excellence Awards, коишто им оддаваат почит на најдобрите авиокомпании за 2020 година. AirlineRatings.com е веб портал и агенција за безбедност во авијацијата со седиште во Перт, Австралија.

За да се прогласи победникот, седум уредници од агенцијата разгледуваа десетици клучни фактори, како безбедност при летање, мислење на патниците, профитабилност, инвестиции, старост на флотата и понудите на компаниите.

Победник годинава е Air New Zealand, што не е изненадување, поради фактот што со исклучок на 2019, авиопревозникот шест години со ред е на челната позиција. Минатата година на тоа место беше Singapore Airlines којшто во 2020 година се најде на втората позиција.

Листата топ 10 авиокомпании изгледа вака:

1. Air New Zealand – Нов Зеланд

2. Singapore Airlines – Сингапур

3. All Nippon Airways – Јапонија

4. Qantas – Австралија

5. Cathay Pacific – Австралија

6. Emirates – Дубаи

7. Virgin Atlantic – Велика Британија

8. EVA Air – Тајван

9. Qatar Airways – Катар

10. Virgin Australia – Австралија

Фото: Pixabay