Најдобро управувани американски компании за оваа година

70

Американскиот Drucker Institute направи листа на Management Top 250, во којашто ги рангира најдобро управуваните американски компании. Воопшто не е тешко да се погоди кои компании се најдоа на врвот на оваа листа.

Прва е Microsoft со најмногу поени преку сите параметри што се оценуваат (задоволство на клиенти, развој на вработени, иновации, социјална одговорност, финансиска сила и ефективност). Меѓу петте најдобро управувани компании во САД се најдоа и: Apple, IBM, Amazon и Alphabet, сите од светот на технологијата.

Првата десетка ја комплетираат: Cisco Systems Inc., Intel Corp, Procter & Gamble, Johnson & Johnson и HP Inc.

Facebook се најде на 12-то место на оваа листа и има непропорционално ниски оценки за задоволство на корисниците во споредба со другите категории, што е последица од загрозување на приватноста и лажните вести што се шират по оваа социјална мрежа.

Фото: Freepik