Најдолгата луда железница ќе се движи со 250 километри на час

194

Возењето со лудата железница под името Falcon’s Flight ќе биде главна атракција во забавен парк што треба да биде отворен во Саудиска Арабија, во близина на градот Ријад за две години.

Како што пренесува CNN, лудата железница ќе биде долга четири километри, а возачите ќе уживаат во возење по надолнина длабока 160 метри и ќе достигне брзина од 250 километри на лас.

Лудата железница ќе прими до 20 патници кои три минути ќе уживаат во незаборавната авантура.

Изградбата на паркот, што се наоѓа на околу 40 минути од Ријад, започна во 2018 година.

Фото: Freepik