Најголемата берза за криптовалути под истрага за перење пари

91

Најголемата светска берза за криптовалути Binance, според обемот на трансакции, е цел на истрага на американските власти за перење пари, пишува Bloomberg.

Официјални лица специјализирани за истраги за данок и перење пари ја испитуваат најголемата берза за криптовалути во светот, се вели во извештајот.

Binance управува со широко распространета глобална област на трговија со криптовалути, вклучувајќи деривати кои во основа се забранети на американскиот пазар. До неодамна Binance очекуваше дека притисокот на регулаторот нема да се однесува на нив. Поранешниот банкарски регулатор Брајан Брукс беше назначен за претседател на одборот на подружницата на Binance во САД во текот на минатиот месец. Инаку Binance е со седиште на Кајманските острови, пренесува Seebiz.

“Ние ги сфаќаме нашите законски обврски многу сериозно и соработуваме со регулаторите и агенциите за спроведување на законот. Напорно работевме за да изградиме робусна програма за усогласување, која вклучува принципи и средства за спречување на перење пари што финансиските институции ги користат за откривање и решавање на сомнителни активности“, рече портпаролката на Binance, притоа одбивајќи да ја коментира пријавената истрага.

Истрагата за Binance е уште еден удар врз крипто-сцената на денот кога беше избришана пазарната капитализација од 365 милијарди долари на пазарот на криптовалути. И сè започна од твитовите на Илон Маск.