Најголемата данска банка погрешно наплатила долг од 106.000 клиенти

41
Business man counting dollar banknote - online business concept

Најголемата данска банка, Danske bank наплатила прекумерен износ на долг на 106.000 клиенти поради грешка во ИТ системот, пренесува Reuters.

“Поради грешка во податоците, Danske bank собра повеќе долгови на клиенти отколку што има право“, ја потврди информацијата портпаролот на банката.

Банката “длабоко жали“ за овој случај и во моментов ги разгледува сите потенцијални можности за да биде сигурна дека сите клиенти ќе бидат обештетени. Досега, банката обработи 17.000 случаи и откри дека 900 клиенти треба да бидат обештетени. На повеќето клиенти им следува обештетување помеѓу 1.000 и 2.000 дански круни (близу 270 евра), но некои дури и повеќе, соопшти банката.

Фото: Freepik