Најголемата германска банка во минус од 5,3 милијарди евра

90

Deutsche Bank минатата година ја заврши со загуба во висина од 5,3 милијарди евра, поради огромниот проект на реструктуирање, којашто е веќе 70% реализирана, пренесува CNBC.

Аналитичарите, според анализата на Reuters, очекувале загуба во висина од 5,1 милијарди евра.

Германската банка во јули минатата година најави дека ги повлекува операциите поврзани со глобална продажба и трговија со акции, намалување на инвестиционите активности, како и делење на околу 18.000 откази. Сите овие мерки беа со цел до 2022 година да се намалат трошоците на банката.

Фото: Pixabay