Најголемата крипто берза затвори “потенцијална дупка“: Нов лимит за Русите

64

„Binance“ најголемата берза за криптовалути во однос на обемот на тргување, денеска објави дека го ограничува обезбедувањето услуги за руските граѓани кои имаат крипто-средства поголеми од 10.000 евра (10.912 долари).

Санкциите на ЕУ против Москва, усвоени претходно овој месец, како дел од петтиот пакет санкции, вклучуваа криптовалути, банки, девизи и финансиски фондови со цел да се затворат потенцијалните „дупки“ кои потенцијално би можеле да им дозволат на Русите да префрлаат пари во странство.

Руските граѓани или правни лица во Русија чие салдо на крипто-сметките е повеќе од 10.000 евра, ќе добијат 90 дена да ги затворат своите позиции, соопштија од Binance.