Најголемата медицинска аквизиција годинава – Siemens Healthineers ја купува Varian Medical Systems

110

Германски Siemens Healthineers ја купува американската компанија Varian Medical Systems за околу 16,4 милијарди долари во готово, што е најголемата медицинска аквизиција годинава, пренесува Bloomberg.

Германската компанија за медицинска технологија понуди 177,5 долари за акција за фирмата со седиште во Пало Алто, Калифорнија, што е за 24 % повеќе од цената на затворање на пазарот на капитал во петокот.

Договорот ќе ѝ овозможи на Siemens Healthineers значаен удел на пазарот во брзорастечката област за третман на рак, каде што во моментот има мало присуство. Siemens Healthineers соопшти дека откупот ќе има позитивен ефект врз заработката по акција со првите 12 месеци од затворањето.

Зделката ќе ги обедини двата партнера кои соработуваат повеќе од една деценија во области како што е дијагностичка радиотерапија за третмани со карцином.

Healthineers годинава напреднаа 2,7% зајакнувајќи ја пазарната капитализација на 43,6 милијарди евра. Приходите во третиот квартал беа 3,31 милијарди евра додека заработката пред камата и даноци достигнаа 461 милиони евра, соопшти компанијата во неделата. Компанијата исто така очекува целокупната заработувачка по акција да се зголеми од 1,54 до 1,62 евра.

Фото: Facebook