Најголеми извозници на бадеми во светот

55

Извозот на бадеми во светски рамки минатата година достигна вредност од 7,2 милијарди долари или 7,4% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Анализирано по континенти, Северна Америка има најголем удел бидејќи извезува 65,5% од бадемите во светот и од тоа заработи 4,7 милијарди долари. Потоа следи Стариот континент со 20,1%, додека од Азија доаѓа 5,7% од вкупниот извоз на бадеми во светот.

Над 61% од вкупниот извоз на бадеми, на глобално ниво, отпаѓа на САД коишто инкасираа 4,4 милијарди долари. Меѓу најголемите извозници на бадеми во светот се и: Шпанија (697,9 милиони долари), Австралија (456,8 милиони долари), Хонгконг (198,5 милиони долари) и Германија (133 милиони долари).

Фото: Freepik