Најголеми извозници на портокали во светот

141

Извозот на портокали минатата година достигна вредност од 4,8 милијарди долари, што е намалување од 12,5% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем удел во извозот од 26,5% има Шпанија којашто лани инкасираше 1,3 милијарди долари од продажба на портокали на странски пазари.

Меѓу петте најголеми извозници на портокали се и: Јужна Африка (667 милиони долари), Египет (660 милиони долари), САД (526 милиони долари), Холандија (303 милиони долари), Австралија (221 милион долари), Хонгконг (142 милиони долари), Грција (126 милиони долари), Италија (114 милиони долари) и Турција (91 милион долари).

Од земјите во регионот, освен Грција се најдоа и: Словенија (12,9 милиони долари), Бугарија (еден милион долари), Хрватска (562.000 долари), Србија (43.000 долари) и Босна и Херцеговина (34.000 долари).

Македонија се најде на 89-то место со извоз на портокали од 13.000 долари или 67,5% помалку во однос на 2018-та година.

Фото: Freepik