Најголеми извозници на стакло се…

58

Кога станува збор за извоз на овој артикл, освен стакло, се мисли и на стаклени производи од типот на огледала, обоени стаклени прозорци, стаклени плочки, очила, шишиња, тегли и бокали.

Европскиот контитент води во извозот на стакло со заработени 33,5 милијарди долари минатата година, што 43% од вкупниот извоз, стои во анализата на  World Top Exports. На второ место со 43,4% се азиските земји, а трети со 10,5% се САД.

Еве кои земји се најдоа помеѓу првите 10:

  1. Кина – 16,9 милијарди долари (22% од вкупниот извоз на стакло)
  2. Германија – 7,7 милијарди долари (10,1%)
  3. САД – 5,8 милијарди долари (7,6%)
  4. Франција 3,5 милијарди долари (4,6%)
  5. Јапонија – 3,3 милијарди долари (4,3%)
  6. Хонг Конг – 3,1 милијарди долари (4%)
  7. Италија – 2,8 милијарди долари (3,6%)
  8. Белгија – 2,4 милијарди долари (3,1%)
  9. Полска – 2,3 милијарди долари (3%)
  10. Tајван – 2 милијарди долари (2,6%)

Нашата земја се наоѓа на 72-ро место на листата со 15,7 милиони долари од извоз на стакло лани.

Фото: Pexels