Најголеми “неплаќачи“ на даноци во САД

53

Вкупно 60 најголеми американски компании, што се дел од Fortune 500, избегнале да платат данок на приходи од профитот што го основале минатата година.

По информациите дека Amazon користи различни даночни дупки и не плаќал данок две години по ред, Институтот за даночна и економска политика на САД укажува дека има голем број на компании што ја имале истата пракса и во 2018 година.

Меѓу компаниите што не платиле данок во САД е авикомпанијата Delta Air Lines, чија заработка била повеќе од пет милијарди долари. Меѓу неплаќачите се и енергетскиот гигант Chevron и автомобилскиот производител General Motors, иако има добивки од по неколку милијарди долари во 2019 година.

Се наведува дека нема “ништо очигледно илегално“ во акциите на компаниите, а од Институтот ги повикуваат властите да “бараат повисоки стандарди за објавување на даноците за да се увиди како профитабилните корпорации избегнуваат плаќање на даноци“.

Компаниите, според Институтот, не платиле данок на приход од 79 милијарди долари.

Како причина за тоа се наведуваат даночните “дупки“ што создаде “технички неисправен“ Закон за даноци и работни места од 2017 година.

Фото: Freepik