Најголеми ризици што го демнат светот во 2021 година

65

Аналитичарите на Eurasia Group објавија листа на најголемите ризици во светот за годината што е пред нас.

Како најголеми ризици во 2021 година се наведуваат:

Поделена Америка во којашто почна епоха во којашто половина од Американците секој нов претседател ќе го сметаат за нелегитимен.

Пандемијата од коронавирусот што ја загрозува политичката стабилност и светската економија.

Ривалството на земјите во борбата против климатските промени.

Зголемена напнатост меѓу Кина и САД.

Проблем со пренос на податоци преку интернет и нивна тајност.

Конфликти во дигиталниот простор.

Политиката на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган што ја зголемува напнатоста во Турција и односите со другите држави.

Пад на економијата на Блискиот исток поради падот на цените на нафтата.

Заминувањето на Ангела Меркел од канцеларската позиција во Германија.

Политичките превирања и социјалните проблеми во Јужна Америка.

Фото: Freepik