Најголемиот производител на чипови најави инвестиција од 100 милијарди долари

156

Taiwan Semiconductor Manufacturing Company, што важи за најголем светски производител на чипови, објави дека очекува во следните три години да инвестира 100 милијарди долари во напредни чипови за да може да ја задоволи растечката побарувачка.

Инвестицијата е многу поголема од претходно најавуваните што се движеа меѓу 25 и 28 милијарди долари.

“За да држиме чекор со побарувачката, очекуваме средствата да ги искористиме за зголемување на капацитетите за поддршка на производството и истражување и развој на напредни технологии“, велат од компанијата за CNN.

Претходно објавиле дека индустриските мега трендови, како што е 5G мрежата и компјутерското инженерство ќе поттикнат поголема побарувачка за чипови во следните неколку години.

Фото: Pixabay