Најголемите митови во бизнисот

198

Неколку од најголемите (не)вистини за бизнисот… На вас останува дали ќе поверувате или не…

Клиентот е секогаш во право

Ова воопшто не е точно, но од причина што на секој бизнис му требаат клиенти за да опстои, клучно е компаниите да се прилагодуваат кон нивните желби и потреби.

Создадете производ и ќе добиете купувачи

Производ секако дека треба да создадете, но она што е поважно е добро да го рекламирате тоа што сте го создале и да ги најдете најдобрите канали за дистрибуција.

Клиентите сакаат само ниска цена

Цената е важна, но иста така важна е и услугата, вредноста и квалитетот на тоа што компанијата го нуди. Малите бизниси не можат многу да играат на “карта“ цена, па затоа се фокусираат на вредноста и решавањето на проблемот што купувачот го има.

Бидете активни на сите социјални мрежи 

Она што е важно е да се детектира на која платформа се наоѓа најголемиот дел од вашата целна група купувачи. Не е добро да губите време онаму каде што речиси ги нема. Откако ќе ги “најдете“ фокусирајте се на таа мрежа максимално и бидете тука за нив во секое време.

Трошете за да заработите

Не е точно дека ако дадете премногу пари за решавање на нешто, тоа и ќе се случи. Може само да изгубите добар дел од заштедата. Трошењето на парите треба да се планира внимателно и да се вложува пресметано.

Фото: Pexels