Најголемите несреќи поврзани со Ембраер

82

Несреќата во која загина и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се случи во деловен  авион Embraer ERJ-135.

Авионските несреќи на „Ембраер“ се случувале и порано, но тие се уште се ретки. Авионот Ембраер Легаси, кој се урна во средата вечерта, на 23 август, при што загинаа 10 патници, во регионот Твер, остана во воздух помалку од половина час.

Embraer е бразилски производител на авиони, а авионите од серијата „Legacy“ се претежно луксузни деловни авиони базирани на моделот ERJ-135.

Несреќата во која загина и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се случи во деловен авион Embraer ERJ-135

Во други несреќи во кои учествуваа авиони Ембраер, во 2013 година, Ембраер 190-100IGV се урна во Намибија. Авионот се урнал 1 час и 50 минути по полетувањето. Сите во авионот загинаа – 27 патници и шест членови на екипажот.

Во 2015 година, Embraer Phenom 300 се урна во Англија при што загинаа членовите на семејството на Осама бин Ладен.

Две години подоцна, Ембраер 190 се урна во Мексико, при што беа повредени 98 луѓе.

Пред две години, во 2021 година, Ембраер-314 се судри со ловец МиГ-29 над Узбекистан, а потоа пилотите се катапултираа, пренесува Телеграф.рс.

Фото:Facebook