Најголемите трговци на мало во Хрватска

53

trgovija-580x387

Конзум со пазарен удел од 20% до 30% и понатаму е најзначаен трговец на мало во Хрватска. По него следуваат Lidl и Plodine со удел од 10% до 20%, додека удел од 5% до 10% остваруваат Kaufland, Tommy i Spar, покажуваат резултатите на истражувањето на пазарот на малопродажба во Хрватска, што го спроведе Агенцијата за заштита на пазарна конкуренција.

Агенцијата истражувањето на пазарот на трговија на мало со мешовита стока, претежно храна, пијалоци и хигиенски производи за домаќинство во 2015 година го спровела на примерок од 50 претпријатија кои според остварениот приход и бројот на продажни места претставуваат значајни учесници на овој пазар, односно трговски ланци.

Остварените приходи на сите трговци опфатени со истражувањето во 2015 година изнесувале 4,4 милијарди евра, што значи дека во однос на 2014, пазарот на малопродажба пораснал за 4,5%.

Водечките 10 трговци (Конзум, Lidl, Plodine, Kaufland, Tommy, Spar, Billa, Студенац, KTC, NTL) заедно оствариле приход од 3,6 милијарди евра, што е раст за 6,3% во однос на 2014 година. Првите пет заедно држат околу 65% пазарен удел.