Најлоши изговори зошто да не станете претприемач

71

Секој почеток е тежок. Можете да најдатете разни изговори и причини зошто да не основате сопствена компанија и да започнете  бизнис. Еве десет најлоши изговори зошто да не преземете ризик и да станете претприемач:

1. Премногу се плашам

Секој претприемач е исплашен и затоа имате избор: дали ќе дозволите стравот да ве задржува назад или ќе го искористите истиот страв како гориво за да направите се што е потребно за да успеете. Самозадоволството е непријател на достигнувањата. За среќа вистинскиот страв – стравот дека нема да ги исполните соништата – може да го истера самозадоволството.

2. Веќе доцнам

Иновациите не се еднаш засекогаш направени. Некои од најуспешните компании се базираат на усовршување на веќе постоечките иновации и идеи. Може да доците, само ако не сакате да бидете подобар, побрз, посилен или поевтин, без разлика чија била првичната идеја.

3. Не можам да најдам некој да ме сослуша

Луѓето ќе ве сослушаат ако имате да им кажете нешто интересно, шокантно, информативно, глупаво, смешно, контроверзно, тажно… Ако не можете да најдете луѓе да ве сослушаат, тогаш проблемот не е во нив. Проблемот е во вас. Тоа што имате да го кажете е ирелевантно, затоа треба да ја смените пораката во нешто значајно за луѓето за кого што е наменета. Тогаш ќе го добиете нивното внимание.

4. Немам пари

Да се биде претприемач е уметност и наука како да се постигне повеќе со малку – малку пари, луѓе, време. Никогаш нема да имате доволно пари или почетен капитал, финансии. Ако немате доволно капитал за да го започнете бизнисот како што планирате, тогаш сменете го планот. Не можете секогаш да го контролирате тоа што го имате, но можете да го контролирате тоа што сакате да го направите со тоа што го поседувате.

5. Немам доволно време

Секој ја има иста количина на време. Единствената разлика е во тоа што сте подготвени да направите со времето. Ако го промените нивото на важност и итност на она што сакате да го постигнете, тогаш вашиот распоред веднаш ќе го исчистите. Наоѓањето на време е секогаш прашање на приоритети.

6. Ги немам потребните вештини

Тогаш нема никаков проблем. Стекнете ги. Дообразовајте се. Запишете се на факултет. Читајте книги. Разговарајте со пријателите. Најдете дополнителна работа во некоја различна индустрија. Дали тоа изгледа премногу тешко? Или едноставно не е фер? Тогаш прифатете дека никогаш нема да ги добиете потребните вештини и престанете да се жалите. Вештините и знаењето се стекнуваат, а не се дадени.

7. Немам добра идеја

Да сонувате за нешто ново е навистина тешко. Да реагирате на веќе постоечкото е многу лесно. Излезете на прошетка и почнете во себе да се жалите за тоа што не ви се допаѓа. Ќе забележите милион проблеми на кои што им е потребно решение. За изнаоѓање решение е потребна идеја. Да смислите нешто ново е многу тешко. Но, да подобрите нешто веќе постоечко е многу полесно. Повеќето компании се основани на подобрување на производите и услугите, отколку на новитети.

8. Не можам да ризикувам

Од секој ризик што ќе го преземете денес можете да закрепнете. Со текот на времето може да се надмине речиси секој неуспех и потоа да излезете посилни и попаметни и подобро опремени за да успеете следниот пат. Ако никогаш не сте се обиделе да преземете ризик, тогаш кога ќе бидете стари и ќе погледнете назад на вашиот живот, ќе се каете. Тоа е ризикот што никогаш не треба да го преземете.

9. Многу е тешко

Долгите патувања се тешки. Индивидуалните чекори се лесни. Не можете да ја постигнете целта за еден ден, но може да се направите мал чекор кон таа цел. Ако размислувате за крајот на патувањето и сите препреки на патот што треба да ги надминете, тогаш никогаш нема да започнете. Наместо тоа, направете едно нешто што ќе ви помогне да стигнете до таму. Потоа изградете база на тоа и продолжете со малите чекори кон целта.

10. Не можам да го поднесам срамот од неуспехот

Неуспехот, во јавноста може да биде непријатен. Некои луѓе ќе зборуваат за вас. Но, тоа се истите луѓе што никогаш не се обиделе да направат нешто во нивните животи, затоа не треба да се грижите за нив. Поголема група на луѓе ќе ве почитуваат затоа што сте преземале ризик за остварување на соништата. Тие ќе го препознаат вашиот храбар дух и ќе ве поддржат. Ќе ве мотивираат да продолжите да се обидувате, бидејќи тие знаат како е да не успееш и повторно да се обидеш. Тие се луѓето што го живеат животот под нивни услови. Тие се вистински претприемачи.

Фото: Freepik